Laserhunt Skopje
Мариовска 1 бб
Skopje
Telephone: +389 75 218 334

ЛАСЕРХАНТ арената се наоѓа на улица Мариовска 21 во Кисела Вода, Скопје, Р.Македонија.

Имаме 20 “ Laserforce“ елеци и фејзери во нашата пространа арена. Во ЛАСЕРХАНТ затворената арена со големина од 1000м2 се потрудивме секоја игра да биде извонредна, адреналинска и да овозможи предизвикувачко искуство без нанесување на болка и мамење.

ЛАСЕР ТАГ играта трае околу 15 минути, а е исполнета со забава, акција и високо адреналинско искуство каде со сигурност ќе согорите над 200 калории.

Играта во ЛАСЕРХАНТ арената нуди повеќе од само ласери и елеци. Благодарение на врвната технологија од реномираната Австралиска компанија “Laserforce“ добро позната од серијата “How I Met Your Mother“, овозможен е широк спектар на технолошки решенија кои се поставуват во внатрешната арена, а истите ја прават играта да се доживее ултра реално и забавно. Опремата нуди голем комфорт и прецизност и е изработена материјали кои не се штетни по здравјето.

Некои луѓе мислат дека играта со ласери – ЛАСЕР ТАГ се работи само за тагирање на другите играчи, но ова е честа заблуда, искусните ЛАСЕР ТАГ играчи знаат дека таа нуди предизвик, тактика и искуство кое не се споредува со некоја друга игра.

Затоа ЛАСЕРХАНТ ЗАБАВНИОТ ЦЕНТАР изгради затворена арена во Скопје, Македонија која е паметна и интерактивна, каде играчите всушност учествуваат во игра и со самата арена. Арената е опремена со најсофистициранта технологија на аудио визуелни ефекти кои даваат реалност на играта преку звучни системи и известувања за резултатите во реално време. Опремата и арената ги охрабрува играчите да играат тимски за да ги победат останатите натпреварувачи и поставените цели и мисии.